Во интервју за ТВ 21

Димитров: Прашањето за нашиот идентитет не смее да биде предмет на амин на ниту една соседна држава

„Спорот со името е тешко прашање и мислам дека ние не сме имале и не би имале министер кој би преферирал да го стави, тоа е најлесното. Меѓутоа позицијата носи и одговорности и тежина, а и последиците од нерешавањето носат политичка одговорност", изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за ТВ 21.

Шефот на македонската дипломатија вели дека изгубивме една цела генерација чекајќи, поради тешката криза која не удри од земја и не разбуди и додава дека не доволно да се менаџира криза, туку е добро да се искористи прилика и шанса.

„Во првите седум месеци од мандатот на оваа Влада нема да биде претерано ако кажам дека успеавме да направиме една нова перцепција за Македонија. Од земја на проблеми и криза, на Македонија денес земјите членки и Комисијата гледаат како на земја прилика да се постигне успех. Тоа го направивме неплашејќи се да разговараме за тешки прашања. Како што знаете го затворивме прашањето со Бугарија и целосно го сменивме начинот на кој што комуницираме со нашите колеги во Софија", додава Димитров во интервјуто.

Се уште нема предлог на масата за името изјави министерот Димитров во „Клик плус"

„Меѓу нас има уште разлики и треба да се надминат. Важно е Грција да направи разлика меќу името на областа и нашата држава Македонија. Кај нас е битно да не се чепка во идентитетот, токму поради тоа се очекува идната среда да се оформи рамката како и до каде ќе се преговара", изјави Димитров.

Министерот за надворешни работи вели дека на средбата во неговиот грчки колега Никос Коѕијас одлучиле да го охрaбрат медијаторот Метју Нимиц што е можно побрзо да излезе со една првична рамка што ќе даде надеж за суштински напредок.

„Предлогот на Нимиц нема да биде земи или остави, туку предмет на консултации за да видиме дали можеме да изградиме заеднички став. Ова е еден товар што заеднички мора да го носиме. Прашањето за идентитетот создава една несигурност - што сме ние од утре. Ако тоа го доведеме во прашање тогаш нема да ја надминеме оваа рамка. Прашањето како ние се чувствуваме и нашиот идентитет не смеат да бидат предмет на амин на една соседна држава ниту на една меѓународна организација. Јас сум убеден дека тоа ќе успееме да го покриеме, но тоа не е доволно. Дистинкцијата на нашата држава Македонија и нивниот регион Македонија мора да се направи на начин што ќе биде достоинствен и што ќе биде прифатлив и за нас. Третото прашање е каде таа дистинкција ќе се применува и т.н. и тие две прашања се врзани. Ќе треба доверба и со чист образ да излеземе во јавноста и да го браниме и наша заедничка одлука како граѓани", вели Димитров во интервјуто за ТВ 21.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе