Заеднички мониторинг комитет со Европската комисија

Димитров: Потребен ни е фокус и акција за користење на ИПА фондовите

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, денеска копретседаваше заедно со Михаела Матуела од ГД НЕАР надлежна за Македонија и Албанија во Европската комисија (ЕК), со годишниот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет, како највисоко тело во рамки на користењето на ИПА фондовите.

Со цел да се направи преглед на спроведувањето на средствата алоцирани преку ИПА, Димитров рече дека наодите од Извештајот на ЕК за Северна Македонија ќе се користат како референтна точка за рационализирање и управување со реформите кои произлегуваат од европската агенда за да ги обезбедиме европските стандарди за нашите граѓани преку ЕУ фондовите.

„Потребен ни е фокус и акција, досегашното искуство и предизвиците да ги искористиме како катализатор за да создадеме појасна слика за нашите следни чекори и да одиме одлучно напред. Искрениот, партнерски пристап и подобрувањето на координацијата во спроведувањето на ИПА се клучните предуслови за постигнување на заедничките цели“, изјави Димитров.

Покрај прегледот на генералното спроведување на ИПА, на состанокот се дискутираа и конкретните проекти со посебен акцент на областите како заштита на животната средина, транспортната инфраструктура кои бараат значителни инвестиции, како и регионалните политики и координацијата на структурните инструменти во рамки на Поглавјето 22.

Со оглед на потребата од воспоставена институционална рамка и соодветен административен капацитет за програмирање, спроведување, мониторинг и евалуација на фондовите, беа нагласени заложбите за унапредување на ИПА структурата во националните институции. Исто така, беше разгледано и функционирањето на секторските мониторинг комитети како инклузивни механизми за насочување на политиките и програмите на секторско ниво.

На шестиот по ред состанок присуствуваа претставници од државните институции кои спроведуваат ИПА фондови, претставници на Делегацијата на ЕУ, претставници на секторските работни групи и на донаторите кои се активни во земјата и граѓански организации. Претставниците на ЕК ја поздравија посветеноста за соодветно искористување на ИПА средствата со цел постигнување на суштински реформи во интерес на граѓаните.

На состанокот беа усвоени и заеднички заклучоци кои ќе придонесат кон надминување на предизвиците и отворените прашања, при што Секретаријатот за европски прашања редовно ќе го следи исполнувањето на овие заклучоци и препораки во утврдените рокови, соопштија од СЕП.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе