Димитров: Помпео доаѓа во време на надеж и шанси

Изгледите да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ се големи, мислам дека успеавме да направиме атмосфера дека е речиси невозможно да не ни се отвори вратата после добрососедската политика, после реформите, резултатите во домашната агенда, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Охрид.

По вчерашното, како што го нарече, силно писмо од Туск, претседателот на Европскиот совет сега, од Урсула фон дер Лејен, идниот претседател на Комисијата, од сегашниот претседател на Комисијата, Јункер, според Димитров, создадена е атмосфера дека е време Европа да пресече бидејќи кредибилитетот на ЕУ, дали ќе веруваат граѓаните на Балканот на тоа што го зборува Европскиот совет и земјите членки е во прашање.

„Мислам дека имаме огромна шанса за заеднички успех, и наш и за регионот, бидејќи ова ќе биде порака и кон регионот и за самата ЕУ. Самиот тајминг на оваа посета на Мајк Помпео практично значи и порака кон Европа зошто доаѓа баш сега тука кај нас“, рече Димитров за време на пречекот на Помпео на охридскиот аеродром.

Оценката на Димитров е дека Помпео доаѓа во време на надеж и на шанси и дека ова е потврда на значењето што САД го придаваат на нашиот успех и најава на идното сојузништво.

„Сигналот е дека ова е стратешки важно за Вашингтон и истовремено, со оглед на тајмингот, на десетина дена пред одлуката што сите ја очекуваме од ЕУ, конечно да влеземе во следната фаза – да ги почнеме пристапните преговори - ова е порака од Америка кон ЕУ дека овој процес е многу важен и е стратешки и треба да успее. Во таа смисла, јас сум убеден дека ќе има и сигнал и позитивна порака кон ЕУ“, додаде тој.  

Во однос на членството во НАТО, Димитров вели дека процесот оди многу брзо и дека во наредните денови Пристапниот протокол ќе биде потпишан во Велика Британија и во Италија.

„Шпанија има избори и ќе биде многу кусо времето од формирањето на новиот шпански Парламент врз основа на исходот од изборите, дали ќе успеат тоа да го завршат до 4-ти декември, кога ќе биде Самитот. Она што е клучно е дека е членството извесно. Ние ќе бидеме таму претставени, убеден сум на највисоко ниво и ако не биде таму членството ќе биде многу брзо потоа, па ќе имаме две прослави“, рече Димитров.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе