Јавна дебата во МАНУ

Димитров: Од нерешавање на спорот не трпат ни САД, ни Русија, ни Европа, ни Грција, најголемата штета е врз нас

Кој ја трпи најголемата штета од нерешавањето на спорот со Грција? Ниту САД, ниту Русија, ниту Европа, ниту Германија, ниту, пак, Грција. Штетата е врз нас, рече  министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната трета јавна дебата за четирите нацрт-амандмани на Уставот во согласност со Договорот од Преспа што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Димитров на дебатата кажа посочи дека ние не сме членки на НАТО, многу често пред нас стои ПЈРМ, никаде не стои македонски јазик и дека ние имаме најголем интерес да се заврши ова прашање.

„Со решавање на ова прашање сакаме да го затвориме поглавјето на идентитетските прашања, НАТО и ЕУ. Тоа се трите цели кои сакаме да ги постигнеме“, изјави Димитров и додаде дека на дебатата би сакал да слушне мислење за одредени предлози кои би можеле да станат дел од уставните измени.

Академикот Таки Фити кажа дека договорот ги зајакнува и зацврстува идентитетските прашања и оти со него се решава едно историско прашање. Според него, треба да се земат предвид сите придобивки од ова решение и овој спор, посочувајќи на евроинтеграциите, но и на економските придобивки. Фити, сепак, рече и дека во МАНУ нема едногласие по овие прашања, но и дека тоа е легитимно и кредибилно доколку се понуди алтернативно решение.

Според вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, Преспанскиот договор е историски договор постигнат во, како што кажа, една историска година за нас и дека тој ќе тргне еден голем камен што се провлекуваше со години. Османи укажа на позитивните аспекти од влезот во НАТО и ЕУ, но и на ризиците. Младите, како што кажа, нема да останат тука доколку не можат да ја планираат иднината, посочувајќи притоа и на безбедносните, но и на економските ризици.  

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе