Димитров од Брисел: Остануваме посветени на европските реформи, решени сме да бидеме победници

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на вториот ден од работната посета на Брисел, оствари повеќе средби во Европскиот Парламент со: Дачијан Чолос, претседател на групата Обнова на Европа, со Андреас Шидер, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-МК, Илхан Кјучук, известител за Северна Македонија во Европскиот Парламент, како и со групата европратеници Пријатели на Северна Македонија во ЕП.

Како што соопшти МНР, на брифингот со неформалната парламентарна група Пријатели на Северна Македонија, чиј иницијатор е словенечката европратеничка Ирена Јовева, министерот Димитров изразил благодарност за континуираната поддршка од страна на ЕП за евроинтегративниот процес на Македонија, со очекување дека таа ќе биде зајакната со новиот состав на ЕП. Исто така, тој ги информирал соговорниците за последните реформски активности и конкретните резултати, а се осврна и на регионални прашања и нашите напори за унапредување на добрососедските односи. Димитров изрази почитување за реакцијата на поддршка на ЕП преку донесената резолуција со која се повикува ЕУ да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, веднаш по октомврискиот самит на ЕУ.

„Државите, како и луѓето, имаат потреба од пријатели. Со пријателите патот е помалку стрмен. Решени сме да бидеме победници, останувајќи посветени и напорно да работиме на европските реформи“, рече Димитров.

Европратениците пак, позитивно ги оцениле реформските постигнувања и дале силна поддршка за исполнување на европската стратешка цел на Северна Македонија, што поскоро.

Димитров, како што стои во соопштението, денеска се сретнал и со Бјорн Сиберт, шеф на кабинет на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која од двете страни беше искажана цврста заложба за зајакнување и валидирање на европската позиција на Северна Македонија.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе