Пред утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан

Димитров очекува рано во јуни да ја добиеме предлог преговарачката рамка со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров очекува рано во јуни да ја добиеме предлог преговарачката рамка и во зависност од корона кризата во период од неколку месеци таа да биде одобрена и да започнеме со првиот вистински чекор во преговорите – првата меѓувладина седница.

Димитров, како што вели е во онлајн контакт со претставници од Европската комисија кои работат на предлог преговарачката рамка, вклучувајќи го и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји,.

„Планот, иако не  е изделкан во камен, е да се излезе со две преговарачки рамки – за Северна Македонија и за Албанија, заедно со пакетот документи за проширување, многу рано во јуни. Потоа, верувам дека ќе започнеме политички процес на ниво на земји членки, каде ќе биде дискутирано и ќе можат да понудат свој поглед на предлогот. Зависно од условите со пандемијата очекуваме дека во период од неколку месеци ќе имаме потврда на оваа преговарачка рамка и да започнеме со првиот вистински чекор во преговорите, првата меѓувладина седница“, изјави Димитров за време онлајн брифингот на тема „Северна Македонија се приближува на ЕУ: Напората работа прави историја?“ во организација на непрофитниот тинк-тенк Европски центар за политики, чиј претседател е Херман Ван Ромпуј, поранешен претседател на Европскиот совет.

Димитров, како што објави МИА, смета дека за нас преговарачкиот процес е многу поважен од самата крајна цел – членство во ЕУ, додавајќи дека целата држава е подготвена за почеток на патот на преговорите и да го искористи како алатка за реформирање и станување на целосно функционална и просперитетна европска демократија.

„Идејата е да направиме реална промена на системот и оштеството. Прашањето на реверзибилност верувам дека е позитивен чекор, ако добрите реформатори се препознаени. Мене лично и на Владата ни се допаѓа тоа што има така голем акцент на процесот на движење напред. Сметаме дека е добро што механизмот на реверзибилност е силна алатка во рацете на ЕУ за оценување на земјите кои не спроведуваат реформи и не притискаат напред и со тоа да помогнат граѓаните да препознаат дека нешто е погрешно. Тоа ќе биде јасна алатка на ЕУ да ги притиска владите од регионот да испорачаат реформи“, рече Димитров.

Тој очекува новата преговарачка рамка да биде различна од таа на Србија и на Црна Гора, но не очекува многу изненадувања и верува дека ќе има можност да ја види и анализира пред да биде јавно претставена.

„Ќе биде повеќе во кластери, отколку поглавја и ќе имаме пошироки области на реформи. Првиот кластер ќе бидат основите со силен акцент на владеењето на правото. Сметам дека Комисијата ќе направи напори да има што е можно појасни цели и критериуми. Потоа, верувам дека ќе има напори да биде пообјективна и оценувањето да биде јасно и опипливо. Земјите членки можеби ќе бидат поканети да номинираат национални експерти кои ќе ѝ помогнат на Комисијата во оценувањето. Важно е да знаеме дека оценките за конкретни делови во извештајот на Советот ќе бидат безусловни и во нашиот случај. Верувам дека условите ќе се создадат и сметам дека имаме можност да го започнеме процесот во следните неколку месеци“, нагласи Димитров.

Тој посочи дека солидарноста и помошта за целиот регион за време на корона кризата од ЕУ покажале дека сме третирани исто како да сме земја членка.

Димитров верува дека главна тема на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан ќе биде помошта од 3,3 милијарди евра за регионот во справување со корона кризата и економските последици во регионот.

Во однос на Предлог-декларацијата од Самитот во Загреб, Димитров вели дека со неа ЕУ ја потврдува европерспективата на Западен Балкан, но би било подобро да има поконкретно нешто за процесот на проширување, „што ќе беше топло поздравено“.

„Не треба да ја негираме поддршката од ЕУ, зошто сепак не може да значи ништо друго, туку членство во некој момент. Но, се согласувам дека појасен политички јазик и сигнал ќе беа особено добредојдени во нашиот регион. Сепак, ова нема да не демотивира, туку ќе работиме на напредок и реформи и ќе биде особено тешко земјите членки да не го препознаат овој напредок“, изјави Димитров.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе