Димитров: Ни беше важно да го заштитиме македонскиот идентитет, а не црвените линии

Турција е единствената земја што секогаш била до нас на нашиот пат кон евроатлантските цели, и има повеќе искуство во чекање од нас во контекст на европската агенда, рече министерот за надворешни работи на денешната работна срдба со Здружението на дипломирани студенти од Турција организирана во соработка со Амбасадата на Република Турција во Скопје.

„Ако има еден пријател што од 1991 година на нашето патување бил секогаш до нас, од признавањето на независноста на тогаш Република Македонија се до денес на патот кон нашите стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО,  тогаш тоа е Турција. Турција е НАТО, а Турција е и единствената земја што има повеќе искуство во чекање од нас во контекст на европското патување, на европската агенда, но секогаш Турција била до нас“, истакна Димитров.

Осврнувајќи се на клучните внатрешно-политички моменти за земјата во изминатите две години, го посочи Договорот за добрососедство со Бугарија и особено Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на повеќедеценискиот спор за името со Грција и не извлече од чекалната на НАТО и ЕУ.

„Беше потребно многу време и храброст и фокус на интересите и на тоа што нам ни е битно, а не црвените линии и позициите. Нам ни беше битно да го заштитиме идентитетот на македонскиот народ, на макеоднскиот јазик, бидејќи стравот од додавка кон името Македонија значи страв дека тоа ќе не смени. Ние практично направивме разграничување меѓу нашата држава Македонија со додавката северна, од регионот Македонија во Грција што се наоѓа во северниот дел од Грција и знаејќи дека има регион Македонија во соседна Бугарија. Ова ги отклучи вратите за напред, создаде услови за пријателство и разбирање и е еден чекор што во услови кога нема многу добри вести, кога нема решавања на стари проблеми, а има отварање на нови, од светот беше поздравен како најголемиот успех во Европа во последните две години, рече Димитров.

Според него, НАТО членството значи една порака дека земјата е тука и ќе биде тука во овие граници, дека влегуваме во системот на колективна безбедност кој покрива една милијарда луѓе, а значи и предвидливист што носи инвестиции. Подвлече дека лани странските инвестиции достигнале 624 милиони денари, а годинава ќе биде економска година за земјата.

Во однос на ЕУ, патот е, нагласи, подолг и пострмен.

„Пристапниот процес, преговорите се најдобрата алатка како нашата демократија да стане вистински демократска и како нашата економија и бизнисмени да може да се натпреваруваат со субјектите на европскиот пазар. Наша задача е да направиме, на Европскиот совет на 20 јуни и на која било од земјите членки, да им биде тешко да не бидат дел од одлуката да почнеме пристапни преговори. Тоа, исто така, многу ќе влијае врз нашиот развој и во однос на политиките и на пристапот до европските фондови, бидејќи тука имаме многу работа за нашата татковина да си ја направиме поорганизира, посредена, пофер и поправедна“, рече Димитров.

Билатералните македонско – турски односи тој ги оцени како романтични, посочувајќи дека постои врска што ги надминува актуелните политики и политички партии, која се темели на заедничката историја и културните сличности. Тоа е основата на блиските политички односи, но, вели, и на развивање на економската соработка.

Трговската размена лани изнесувала 521 милион долари, а целта е да достигне милијарда долари. Најави дека во мај во посета на земјата пристигнува шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе