КОНЗУЛОТ ПАЛАШЕВСКИ ПОВИКАН НА КОНСУЛТАЦИИ

Димитров: Нема да дозволам излети против Уставот и нема да ги толерирам

Министерот за надворешни работи Никола Димитров го повикал на консултации генералниот конзул на македонија во Канада, Јовица Палашевски, кој на официјален настан во Торонто говореше на бина на која била картата на голема Македонија по што Грција ја обвини македонската Влада дека го прекршила Привремениот договор меѓу двете земји од 1995 година.

Министерот Димитров на денешната прес-конференција рече дека нема да дозволи однесување кое што излегува надвор од Уставот на Македонија и не е во интерес на државата.

„Сликање со мапа на која нашата држава навлегува на грчка територија не е политика на Министерството за надворешни работи, ниту на Владата“, изјави Димитров.

Тој додаде дека се работи на случајот и дека истиот ќе биде разгледан од посебна комисија, а вакви случаи повеќе нема да бидат толерирани.

„Нема да дозволам излети против Уставот на Република Македонија, а недозволиво е грешките да се пикаат под килим. Во иднина ваквите излети уште поригорозно ќе ги третираме и нема да ги толерираме“, рече Димитров и потсети дека и неговиот претходник (Никола Попоски) дал инструкции од Дипломатско-конзуларните претставништва на истата линија.

Во врска со посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, Димитров потврди дека тој доаѓа идниот четврток и рече дека со нетрпение го очекува, како и дека заедно ќе соработуваат на агендата и на мерките за градење доверба.

„Македонија има интересе да ја почитува Времената спогодба од 1995 година“, додаде тој.

Претходно официјална Атина побара Македонија да го смени македонскиот конзул Палашевски и го обвини за иредентизам, на што стигна одговор и предупредување од Македонците во Канада дека ако Владата го смени конзулот тие ќе ја прекинат соработката со Владата.

„Не ги прифаќаме обвинувањата на грчкото МНР за иредентизам со приказот на македонските симболи. Не прифаќаме дека со тоа сме ја прекршиле Времената спогодба. За овој настан, кој според Атина е иредентистички, а за нас банален, одговорноста ја презамаме ние, Обединетата македонска заедница во Канада и Светскиот македонски конгрес“, порачаа од македонската дијаспора во Канада. 

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе