БРИСЕЛ

Димитров: Нашиот нов почеток прилика и за Македонија, за регионот и за ЕУ

Интеграцијата во ЕУ преставува наша клучна стратешка цел и реформските приоритети зацртани во Планот 3-6-9 се доказ за нашата детерминираност во нејзиното остварување, изјави министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров на промоцијата на реформските приоритети на новата влада во Центарот за европски политики во Брисел, говорејќи пред претставници на институциите на ЕУ, државите членки на ЕУ, тинк-тенкови кои се занимаваат со европски политики и на академската јавност.

„Овој план е всушност патоказ кој предвидува конкретна динамика на активности кои треба да овозможат дофатлива европска перспектива. Истовремено, овој план претставува лакмус-тест за политичката волја и капацитет да се исправиме пред предизвиците и да фатиме приклучок кон возот на ЕУ кој нѐ одминува. Нашите потфрлувања треба да бидат нотирани, но нашите успеси треба да бидат вреднувани. ЕУ може да направи квалитативен исчекор и разлика во регионот. За да успее во таа цел, мора да понуди „стап" кога ќе потфрлиме, но и „морков" кога ќе заслужиме. Во меѓувреме, мора да останеме искрени и при наградувањето и при критикувањето. ЕУ треба да демонстрира лидерство во политиката кон Балканот. Тоа е и можно и нужно затоа што местото на Балканот е во ЕУ“, рече Димитров.

Тој додаде дека новата реформска влада е ориентирана кон иднината.

„Ние мора да градиме нов имиџ на модерна демократска држава, во која институциите постојат за граѓаните, а не за елитите, а словото на законот важи подеднакво за сите. Реформите дома, се нашиот најсилен аргумент за издржаноста на нашето ЕУ досие во Брисел и кај државите-членки”, заклучи Димитров.

Во рамки на посетата Димитров одржа брифинг со COREPER амбасадорите и постојани преставници на земјите-членки во Брисел. На средбата министерот го елаборираше Планот 3-6-9 и изрази надеж дека со неговата реализација ќе се отстранат забелешките за застој на реформите во изминатите неколку години. Имплементацијата на мерките ќе биде солидна основа за натамошните дискусии во Советот на ЕУ за унапредување на пристапниот процес на Македонија. Амбасадорите ја поздравија реформската агенда на новата влада и изразија надеж дека ветеното ќе биде испорачано.

Утре министерот Димитров ќе ко-претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и РМ заедно со Високиот претставник на ЕУ и потпретседател на Европската Комисија Федерика Могерини, со учество на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи и евро-комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, јави МНР.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе