Конференција на „Економист“ во Атина

Димитров: Наместо за проширување, треба да зборуваме за комплетирање на ЕУ

За Договорот од Преспа, предизвиците за Балканот, но и за иднината на билатералните односи меѓу Македонија и Грција, меѓу другото дискутираа учесниците на панелот посветен на регионот во рамките на конференцијата на „Економист“, односно „23-та тркалезна маса со грчката Влада“.

На утринската сесија од вториот ден на „Економист“, министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедно со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, шефот на кипарската дипломатија, Никос Христодулидис, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, актуелниот министер за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос и неговиот претходник, Евангелос Апостолакис, во дискусијата се задржаа на регионот и стабилноста на Балканот.

Димитров во неговото обраќање, за да ја долови ситуацијата во односите меѓу двете соседни земји, рече дека сега се искачивме на врв од планина, зад нас оставаме студенило, зима и темнина, а пред нас гледаме пролет, зеленило и светлина.

„Не мислам дека постои поприродна врска меѓу двете држави освен да бидеме сојузници и стратешки партнери. Ние мораме да развиеме чувство овде во Атина со новата влада дека ова не е товар, туку можност. И ние ќе го направиме тоа. Мислам дека треба да продолжиме да работиме во иста насока и со новата Влада. Штом мојот колега Дендиас беше избран јас бев во Словачка, му се јавив и му честитав. Ќе се сретневме, но мораше да оди во САД. Мислам дека ќе има поле на можност за да се изгради доверба“, рече Димитров.

Говорејќи за европската перспектива на регионот, тој го подвлече успехот на Македонија.

„Оваа година имаме многу силен и уверлив случај во контекст на оствареното на планот на надворешната политика и домашните реформи. И доколку Европа не го препознае ова со одлука за отпочнување преговори во октомври, пораката за регионот ќе биде - не се трудете да разрешувате тешки проблеми и да трошите политички капитал на заглавени и замрзнати прашања, не се трудете да инвестирате во реформи, можеби не вреди да го правите тоа. Место за проширување ние треба да зборуваме за комплетирање на Европа во контекст на евроинтегративниот процес”, изјави Димитров.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, во неговото обраќање на панел-дискусијата изрази надеж дека ќе постои простор во иднина договорот да се направи „покорисен за двете страни во следните месеци и години преку пристапниот процес во ЕУ на северниот сосед“.

Варвициотис објасни дека Неа демократиа „се бореше против потпишувањето и ратификацијата на договорот“, бидејќи сметала дека не ги исполни потребите и очекувањата на грчката страна, а спомена и дека тие ќе работат на заштита на трговските ознаки и имиња.

Американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајат рече дека „Грција е столб на стабилноста во тежок регион и ги дели клучните стратешки цели на САД од Западен Балкан со Блискиот исток“.

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе