Димитров на средби со државниот врв на Бугарија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска до петок ќе престојува во работна посета на Република Бугарија каде што ќе се сретне со претседателот Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Во рамките на билатералната средба со министерката Захариева, денеска двајцата министри треба да разменат ратификациски документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со што и практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на договорот во сила по неговата ратификација во Собранието на Република Македонија на 15 јануари и во Националното собрание на Република Бугарија на 18 јануари.

На покана на висоата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, и министерката за надворешни работи на Бугарија, Захариева, Димитров на 15 и 16 февруари ќе учествува и на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство, Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

 

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе