Во Вашингтон

Димитров на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО

Шефот на дипломатијата Никола Димитров на 3 и 4 април ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што ќе се одржи во Вашингтон. Ова е прв состанок на министерско ниво за надворешни работи на кој што, претставена преку министерот Димитров, земјава активно ќе учествува во својство на поканета земја за членство.

Димитров во Вашингтон ќе престојува на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и американскиот државниот секретар Мајк Помпео, соопшти МНР.

Прославувајќи ја 70-годишнината од формирањето на НАТО, Вашингтон ќе биде домаќин на серија пригодни настани и свечености, на кои ќе учествува и Димитров.

Меѓу нив е конференцијата „NATO Engages: The Allianceat 70”, на која Димитров, заедно со неговиот грчки колега Јоргос Катругалос ќе говори на тема „Наследството и иднината на НАТО политиката на отворени врати“, непосредно пред изјавата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Се очекува на конференцијата да присуствуваат повеќе од 200 официјални претставници на земјите-членки на НАТО. Јубилеот ќе биде симболично одбележан со прием во Andrew W. Mellon Auditorium, каде што во 1949 година бил потпишан Договорот со кој се ставени темелите на Северноатлантската алијанса. Церемонијата ќе биде заокружена со поздравни обраќања на Помпео и Столтенберг.

За време на работната посета на Вашингтон, Димитров ќе се сретне со Помпео и и со помошникот државен секретар Филип Рикер. Во својство на „поканета земја“, министерот Димитров активно ќе учествува на двете работни сесии, работниот ручек и дискусиите со НАТО сојузниците, посветени на широк спектар на безбедносни дилеми и предизвици пред кои е исправена трансатлантската заедница.

Димитров утре, ден пред официјалниот настан ќе има средби со конгресмени и претставници на државни институции на САД, во насока на остварување поблиска соработка и продлабочување на стратешкото партнерство.

 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе