Димитров на академска конференција во Атина

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска ја започнува дводневната работан посета на Атина, по поканата од поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас за учество на академска конференција по повод 20-годишнината од постоењето на катедрата за меѓународни и европски студии на атинскиот Универзитет Пиреас.

Димитров, како што соопштуваат од МНР, денеска ќе се сретне со претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, а утре напладне ќе се обрати на конференцијата „Грчката надворешна политика во 21 век“. Тој ќе има обраќање и на панелот „Трансформацијата во Југоисточниот Медитеран“, заедно со поранешните министри за надворешни работи на Република Бугарија и Република Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.

Во рамките на работната посета на Атина, предвидена е билатерална средба на Димитров со грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе