Објаснување

Димитров: Мојата изјава за јазикот е за етнички Грци кои живеат во грчка Македонија

По изјавата на грчката алтернативна министерка за надворешни работи Атанасиа Анагностопулу дека по посетата на земјава сака да ја истакне изјавата на Никола Димитров дека македонскиот јазик што го зборуваат граѓаните на Северна Македонија нема никаква врска со јазикот на кој зборуваат грчките Македонци, со објаснување се огласи министерот Димитров.

На неговиот Фејсбук профил Димитров објаснува дека суштината на договорот од Преспа е прифаќање на различното разбирање на термините Македонија и македонски, кои за нас значат едно, а за Грција друго.

„Ние сме етнички Македонци, припадници на македонскиот народ, со сопствена историја, култура, и наследство. Ние зборуваме македонски јазик, што е еден од јужнословенските јазици.

Грчките Македонци, во грчкиот контекст и разбирање на овие поими, се етнички Грци од грчкиот регион Македонија, кои зборуваат грчки јазик, со посебен однос кон хеленската цивилизација, историја, култура и наследството”, напиша Димитров.

Тоа, како што вели, е контекстот на неговата изјава при потпишувањето на Спогодбата за отворање на граничниот премин во месноста Маркова нога, на македонски јазик, на грчки јазик и на англиски јазик, која меѓу другото завршува со повикување на членот 7. 

Министерката Анагностопулу, како што кажа после посетата, ја поздрави изјавата на Димитров, бидејќи „става крај на какво било заплашување за непостоечки проблеми што наводно би создал јазикот што го признавме уште од 1977 година“. 

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе