За Јуропиан Вестерн Балканс

Димитров: Македонија може кон средината на 2019 и формално да стане членка на НАТО

Македонија кон средината на следната година може и формално да стане 30. земја-членка на НАТО, доколку сите други процеси се одвиваат како што треба, порачува министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Јуропиан Вестерн Балканс.

На прашањето дали Македонија може да влезе во НАТО следната година и дали процесот на пристапување ќе биде брз како што беше најавувано, шефот на дипломатијата нагласи дека станува збор за технички процес, што може да се сработи за неколку месеци.

„Но, тој исто така е поврзан со исполнување на нашите обврски од Договорот со Грција. Ни претстои референдум и процес на измена на Уставот. И откако ова биде финализирано, ќе може да ги потпишеме протоколите за пристапување, кои потоа ќе бидат ратификувани во Парламентот на Атина и во другите земји-членки. Ако работите одат добро, во прашање се месеци. Можеби кон средината на следната година ќе бидеме формално 30 земја-членка на НАТО”, вели Димитров.

Во врска со неговите очекувања од референдумот истакна дека смета дека граѓаните ќе го подрржат договорот, бидејќи, како што рече, со него е покриен најсензитивниот дел, идентитетот и јазикот.

„Ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Најдовме начин да направиме разлика меѓу културното наследство и што ние мислиме кога ќе кажеме Македонци во Македонија и што Грците мислат кога ќе кажат Македонија и Македонци. На многу начини ова е крај на една ера за Македонците, која беше полна со предизвици и прашалници”, рече тој.

Прашањето е одѕивот, вели, поради тоа што Избирачкиот список не е ажуриран, па имаме формално 1,8 милиони гласачи, а најверојатно имаме помалку граѓани кои живеат моментално во земјата. 

На прашањето дали Владата има стратегија ако референдумот не успее, вели дека во моментов фокусот е на победа. 

„Ќе размислуваме позитивно и ќе се фокусираме на план А. Имаме премиер кој целосно инвестира во ова. Не станува збор да се остане на власт, тоа не е клучната намера. Имаме голема мисија за земјата. Се обидуваме да направиме работи, кои не сме ги направиле изминатите 20 години, во една, две или три години. Тоа е предизвик, но немаме време за губење”, нагласи Димитров.

Според него, за Договорот со Грција заслугите се и на двете страни. 

Пет години отсега, додава Димитров, ќе се отвори голем потенцијал не само во однос на евроатлантските аспирации, но и во однос на нашата билатерална соработка со Грција. 

„И нема ништо поприродно од тоа нашиот сосед да биде нашиот најголем поддржувач”, додаде тој.

Во врска со одлуката на Европскиот совет за отворање преговори во јуни следната година, Димитров нагласи дека проблемот за нас е што пропуштивме многу шанси чекајќи на станицата, а „возовите поминуваа и сега нашето патување е многу потешко и води на угорнина, бидејќи проширувањето не е популарно”.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе