За Ројтерс

Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за името, предводени од министрите

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи и кои ќе водат разговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за Ројтерс

„Убедени сме дека постои волја од двете страни страни за напредок“, вели Димитров кој вчера во Солун се сретна со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.

Првата средба на работните групи, според него, би се случила веќе во февруари, а работните групи предводени од министрите директно би преговарале за можните решенија за спорот со името.

„Имаме голема одговорност. Но, јасно е дека идентитетот е важен за нас. Мора да најдеме начин да ги убедиме нашите грчки колеги дека има јасна дистинкција меѓу нашата земја и регионот во северна Грција“, изјавил Димитров, објаснувајќи дека Македонија е свесна за грижите што може да ги има соседната земја.

Тој, како што додава е внимателен оптимист кога се говори за изнаоѓање решение. 

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе