На средба со делегација на високи претставници од Фондацијата „Конрад Аденауер"

Димитров: Кон ставовите на ЕУ се придружуваме затоа што веруваме во европските вредности

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со делегација на високи претставници од Фондацијата „Конрад Аденауер", која престојува во Скопје во периодот од 28 до 31 мај, како организатор на Регионалната конференција за Југоисточна Европа/Западен Балкан „Balkan Calling Europe".

Дискусиите на средбата беа фокусирани на интеграцијата на Западен Балкан во Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ и учеството на Македонија во оваа област.

Министерот Димитров ја истакна важноста на интеграцијата и придонесот на Балканот во ЗНБП на ЕУ, како клучно прашање во заедничката борба против денешните безбедносни закани и поддршката на позициите на Унијата во нејзината надворешна политика. Исто така, ги информира присутните за активното учество на Македонија во оваа област, пред се со придружувањето на нашата земја кон декларациите на ЕУ во однос на различни меѓународни прашања, како и со учеството во мисиите предводени од ЕУ во рамките на нејзината Заедничка безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП).

„Кон декларациите и ставовите на ЕУ не се придружуваме само затоа што имаме европски аспирации. Пред сè, тоа го правиме затоа што веруваме во европските вредности, во мултилатерализмот и во меѓународниот правен поредок и цивилизациските достигнувања. Во време кога меѓународниот систем се соочува со предизвици, наша должност е да имаме јасен став", рече Димитров.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе