Во Берлин

Димитров ја повика ЕК што поскоро да изработи предлог за подобрување на пристапниот процес

Северна Македонија е заинтересирана што е можно поскоро Европската комисија да го изработи и претстави пред земјите членки својот предлог за подобрување на пристапниот процес. Во меѓувреме, добредојдени се сите добронамерни размислувања кои ќе придонесат за побрз почеток на преговорите на земјата со ЕУ и кои ќе ги направат преговорите подобро структурирани, поефикасни, пофер, посуштински и покредибилни, оценува министерот за надворешни работи Никола Димитров. 

Во обраќањето на пленарната сесија насловена „Заживување на европската перспектива на Западниот Балкан”, на конференцијата во Берлин „Балкански дијалози” во ко-организација на Минхенската безбедносна конференција, Институтот Ист-Вест и Белградскиот фонд за политичка извонредност (БФПЕ) Димитров укажал дека земјата покажала високо ниво на зрелост и мудрост и ќе го продолжи засилениот ангажман во правец на исполнување на ЕУ реформите. Според него, економската интеграција во ЕУ не може да се одвива без својот политички дел, ниту да се нуди како привремена замена за полноправно членство.

„Северна Македонија, преку процесот на стабилизација и асоцијација, 15 години се подготвува за членство и има постигнато високо ниво на усогласеност во многу области на законодавството на ЕУ. Со оглед и на историските и храбри исчекори во надминување на сензитивни билатерални прашања, земјата без никакви дилеми го заслужи почеток на преговорите”, изјавил Димитров.

Тој, како што соопшти МНР, ја нагласил важноста и потребата членовите во Советот на ЕУ без одлагање да постигнат консензус за почетокот на преговорите со Северна Македонија.

„Јасната европска перспектива и крајната цел за полноправното членство треба да бидат недвосмислено потврдени со конкретни дела, бидејќи истото е од заемен интерес за регионот на Западен Балкан и за ЕУ. Без таа јасна перспектива напорите за решавање на преостанатите важни билатерални спорови во регионот ќе останат залудни”, оцени Димитров.

Во рамки на посетата, шефот на дипломатијата имаше средби и со Уве Корсепиус, советникот за ЕУ на германската канцеларка Ангела Меркел и со претставниците на Министерството за надворешни работи на Германија, Томас Осовски, ополномоштеник за ЕУ и Сузане Шуц, ополномошник за Југоисточна Европа, како и со Пјер Мирел, почесен генерален директор во Европската комисија, кој беше еден од панелистите на конференцијата.

На средбите се разговарало за ситуацијата во земјата и регионот по октомврискиот самит на ЕУ, за францускиот предлог за нова методологија, следните чекори во насока на постигнување консензус за одлука за почеток на пристапни преговори и за конференцијата за иднината на Европа.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе