Тематска седница на Комисијата за европски прашања

Димитров и Османи ќе одговaраат на прашањето што по одложувањето на преговорите со ЕУ

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе одржи тематска седница посветена на евроинтегративните процеси во Република Северна Македонија по последниот Самит на Европскиот совет на кој беше одложена одлуката за почеток на преговорите за пристапување на земјава во ЕУ.

Се очекува обраќања да имаат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На седницата се поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе