Димитров и колегите од Западен Балкан бараат од ЕУ изземање од рестрикциите за извоз на медицински продукти

На иницијатива на македонскиот министер Никола Димитров, министрите за надворешни работи од земјите од Западниот Балкан денеска со писмо до Европската комисија побарање изземање на земјите од Западен Балкан од Регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции односно специјални извозни дозволи.

Писмото, како што соопшти МНР, е испратено до еврокомесарите за трговија и за соседство и проширување, Фил Хоган и Оливер Вархеји, како и до високиот претставник на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

„Корона вирусот се прошири во сите делови на европскиот континент и за да се победи оваа заедничка закана потребна е солидарност и взаемна соработка. Со оглед дека секаде први на фронтот со корона вирусот се здравствените работници сите заедно мораме да осигураме дека тие ќе ја имаат во секое време и во доволни количини медицинската опрема за лична заштита. Затоа ние, партнерите од регионот се обединивме и итно ѝ предлагаме на Европската комисија во предлогот за ревизија на регулативата која е во тек да предвиди изземање од потребата за специјални извозни дозволи за нашиот регион.

Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, опкружен со земји членки на ЕУ. Изземањето ќе испрати силен сигнал дека сите ние како Европејци работиме заедно за успешно да се соочиме и да го надминеме овој огромен предизвик“, пишува во писмото.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе