Средба во Солун

Димитров и Коѕијас подиректно ќе се вклучат во разговорите за името

Министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров денеска имаа средба во Солун на која што се сложиле да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името. 

„Средбата се одржа во рамки на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба. На средбата министрите имаа добар разговор фокусиран на унапредувањето на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзано со тековните мерки за градење доверба“, соопшти МНР.

Коѕијас и Димитров, како што се додава, изразиле заедничко очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари, посредникот Метју Нимиц, ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името.

„Двајцата министри разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликата околу името, и се сложија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името“, се вели во соопштението во кое уште стои дека разговарале и за мерките за градење доверба и други подготовки околу следните средби на високо политичко ниво меѓу двете земји.

Средбата, според грчките медиуми, се одржала во „Македониа Палас“ во центарот на Солун, во голема тајност и под силни безбедносни мерки. 

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе