Димитров и Бектеши на министерска конференција за Западен Балкан во Стокхолм

Министрите за надворешни работи и за економија Никола Димитров и Крешник Бектеши денеска ќе престојуваат во Стокхолм, Шведска каде ќе учествуваат на министерската конференција за Западен Балкан.

Димитров за време на престојот во Стокхолм ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Маргот Валстром и со претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен. Тој ќе учествува на министерската конференција за Западен Балкан, каде ќе се обрати на панел-дискусијата посветена на случувањата во земјите од регионот на Западен Балкан, со фокус на нивната ЕУ перспектива.

Министерската конференција на високо ниво во Стокхолм е во организација на Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска и Европската комисија.

На министерската конференција, министерот Бектеши, пак, пред шведската бизнис заедница ќе ги претстави стратешките проекти и можности за инвестирање во земјава, со посебен фокус на ЕУ интеграцијата. 

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе