Димитров: Хрватското ЕУ претседателство за нас беше суштествено во политичка смисла

Можеби хрватското претседателство со Советот на ЕУ може да се нарече „виртуелно" во логистичка смисла, но за нас дефинитивно беше суштествено во политичка смисла. И за тоа сме им исклучително благодарни на нашите хрватски пријатели, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, на денешната онлајн дебата на тема „Балканот во нова ера – преглед на хрватското ЕУ претседателство", во органиција на бриселскиот тинк-тенк „Вилфрид Мартенс – Центар за Европски студии", кој е официјален тинк тенк на Европската народна партија, имајќи ја предвид одлуката на Европскиот совет од март за почеток на пристапните преговори со нашата земја.

Како што соопшти МНР, за време на дискусијата се направи осврт на досегашниот тек на т.н. прво „виртуелно" претседателство со Советот на ЕУ од страна на најмладата земја членка – Хрватска, во контекст на исклучително сложени околности со оглед на пандемијата, кое и покрај тоа успеа да испорача повеќе клучни чекори – како што е одлуката за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија. Притоа, се додава, фокус се даде и на следните чекори и очекувања за време и по хрватското претседателство во однос на нашата евро-интеграција, како и на новата методологија за пристапниот процес, динамиката во регионалните односи и секако на исходот од вчерашниот виртуелен Загрепски Самит ЕУ-Западен Балкан.

Во однос на вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан, се посочува, самиот факт што се одржа во вакви околности, како и досегашната и идната поддршка од страна на ЕУ за справување со здравствените и социо-економските последици од пандемијата, се повеќе од јасен сигнал за значењето и идното место на Западен Балкан во Европската Унија.

Според Димитров, чувството на заедништво и солидарност што се создаде во текот на кризава со пандемијата меѓу ЕУ и Западен Балкан, неопходно е да се одржи и во пост-пандемската иднина и употреби како двигател за конечно комплетирање на ЕУ проектот, што е од несомнен заемен интерес.

Во дискусијата, покрај Димитров учествуваа и хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман и европратеникот и претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер (Европска народна партија), а во улога на модератор беше Патрик Волер, секретар за надворешни односи на ЕНП, стои во соопштението.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе