Димитров-Ханеда: Јапонски грант од 813.000 евра за економски и социјален развој

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и амбасадорката на Јапонија во земјава, Кеико Ханеда, потпишаа Договор за јапонска грант помош од 813.000 евра за економски и социјален развој.

„Во услови кога светот се соочува со една од најголемите здравствени кризи која има и сериозни социо-економски последици, оваа итна помош од Владата на Јапонија во висина од 100 милиони јапонски јени, или околу 813.000 евра е повеќе од добредојдена. Помошта значително ќе придонесе во јакнење на капацитетите на здравствените установи и ќе им ја олесни работата на здравствени работници кои се на првата линија во борбата против пандемијата“, рече Димитров.

Тој кажа дека како Национален координатор за странската помош ќе се залага за понатамошно продлабочување на билатералните односи и соработка и додаде дека верува оти покрај развојната, ќе се унапреди и економската, културната и политичката соработка со Јапонија.

Амбасадорката Ханеда изјави дека Јапонија е среќна што може да ги поддржи напорите на земјава за борба против коронавирусот.

„Јапонија секогаш ги поддржувала вашите реформи кон евроатлантскиот пат. Во оваа прилика би сакала да ви честитам за вашето членство во НАТО и почетокот за пристапни преговори за ЕУ. Вашите напори во реформите ќе се интензивираат и Јапонија би сакала да продолжи да ги поддржува“, рече Ханеда на церемонијата.

На потпишувањето на Договорот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој истакна дека донацијата од јапонската амбасада е значајна помош и поддршка на здравствениот систем, таму кадешто е најмногу потребна.

„Амбасадата на Јапонија е една од амбасадите којашто е многу активна. Во рамките на соработката со здравствениот сектор, која во континуитет трае многу години наназад. Сведоци сме и сега дека огромен број на соодветна медицинска опрема и покрај тоа што е донирана пред повеќе од 20 години совршено функционира и сѐ уште се аплицира во здравствената дејност, помагајќи на тој начин во услугите кои ги добиваат пациентите. Карактеристично за секоја од донациите кои досега сме ги добиле од амбасадата на Јапонија и јапонскиот народ е дека е многу детално проучена. На кој начин ги анализираме, на кој начин ќе се користи и дали вистински ќе служи на потребите на нашите пациенти. Во таа смисла, поддршката на регионалните центри, здравствени домови во Кратово, Кавадарци, Македонски Брод, во Скопје беше нешто на што интензивно работевме во изминатиот период. Сакам да се заблагодарам  да посакам оваа успешна соработка да продолжи и понатаму“, рече Филипче и додаде дека за првпат во нашата земја, благодарение на јапонската амбасада достапен стана лекот „Авиган“ за пациенти со ковид-19.


Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе