Димитров: Граѓаните треба да знаат дали веќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ѝ порача на Европската Унија да биде директна со земјите од регионот и јасно да им каже дали повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан.

„Најмалку што му должи Европска Унија на регионот е да биде директна со нас. Ако повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, ако не важи ветувањето од Самитот во Солун во 2003 година, граѓаните заслужуваат да знаат.

Благодарност до сите лидери кои се бореа ЕУ да отвори пристапни преговори со нас, укажувајќи на историскиот Договор од Преспа, охрабрувајќи ги домашните реформите и поддржувајќи го европскиот наратив во Северна Македонија, земја кандидат 14 години.

Додека чекаме обвновување на консензусот, мораме да продолжиме да ги браниме вистинските европски вредности дома“, напиша Димитров на неговиот Твитер профил.

 

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе