Во ОБСЕ

Димитров: Граѓаните очекуваат многу и од Владата и од меѓународната заедница

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска говореше пред Постојаниот совет на ОБСЕ каде што го претстави оптимизмот кој завладеа во македонското општество после долгата криза, но и пораснатите очекувања на граѓаните како од новата Влада, така и од меѓународната заедница во насока на долгоочекуваната реализација на аспирациите за европска и евроатлантска интеграција, информира МНР.

Димитров ја нагласил важноста од искреното соочување со предизвиците кои постојат во едно општество и ја елаборираше реформската агенда содржана во Планот 3-6-9.

Тој, исто така говорел за преземањата и плановите на домашен план во поединечни области како владеење на правото, изборен систем, силни, професионални институции, развој на здрави механизми на контрола, особено независно судство и слобода на медиуми.

„Димитров даде приказ и на новата визија при негување на односите со соседите и потребата од развивање на пријателства и меѓусебно разбирање“, се вели во соопштението.

За време на работната посета на ОБСЕ, Димитров се сретнал со генералниот секретар на Организацијата, Томас Гремингер, а, како што стои во соопштението, имал и кусо видување со специјалниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите Харлем Дезир, при што биле разменети и мислења за идни активности и меѓусебната соработка и поддршка за реформските заложби на Владата.

 Во рамки на работниот престој на Виена, тој се сретнал и со генералниот секретар во Министерството за наворешни работи на Австрија, Михаел Линхарт.

 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе