Димитров: Горд сум што сум на вистинската страна од историјата

Задоволство од изгласувањето на уставните амандмани во Собранието изрази и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

”Испишуваме историја со отворање на нашата иднина. Докажавме дека чуда се можни. Покажавме дека сме Европејци, не само географски, туку и според европските вредности. Горд сум што сум на вистинската страна од историјата”, напиша Димитров на Твитер. 

„Во тешки околности, го решивме најголемиот проблем од независноста, што Македонија упорно ја влечеше назад. Ја преземавме одговорноста на нашата генерација, да ја зацврстиме државата и да направиме услови за подобра и посигурна иднина за идните генерации. Го зачувавме најважното, македонскиот идентитет, а нашата Македонија ја разграничивме од нашите соседи. Ви благодарам на поддршката кога беше најтешко, на советите, но и на критиките. Горд сум на македонскиот народ, на нашите сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други. Покажавме дека во нашата Македонија, живее идното, европско лице на Балканот. Кога сакаме, можеме. Сега засукани ракави, да си ја направиме европска во секоја смисла. Секој во своето. Ќе нѐ биде!”, порача уште Димитров. 

 
 
 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе