Министерот за надворешни работи

Димитров: Го молам Советот да ја донесе вистинската одлука!

Времето за одлука за почнување преговори за пристап со Северна Македонија е сега, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер во пресрет на утрешното решавање за датумот на преговори со ЕУ.

„И тоа е заслужено, потврдено од многумина. Не само поради долгото чекање, или поради нашироко фалениот Договор од Преспа или очигледниот демократски пресврт што го направивме.

Туку пред сè поради 90-те отсто од македонските граѓани што ја гледаат ЕУ како светилник, зрак на надеж, силно верувајќи во нејзините вредности. Затоа што тоа е победа за земјава, за регионот, за ЕУ и за наративот на надеж. Го молам Советот да ја направи вистинската работа!“, напиша Димитров на Твитер.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе