Од Познањ

Димитров ги повика активистите за животна средина да вршат притисок и да бидат гласни

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од Самитот за Западен Балкан во Полска денеска порача дека животната средина треба да стане покрупна тема во јавноста и ги повика активистите да продолжат да вршат притисок и да бидат гласни.

Димитров пораките ги упати за време на панел дискусија посветена на подобрувањето на животната средина во регионот, споменувајќи неколку од предизвиците со кои се соочува Владата во овој дел, но и победите на активистите, како онаа на Здрава Котлина.

„Сакам да ви дадам еден пример на македонски активисти во источна Македонија, чиј притисок врз јавноста ја наведе Владата да ја отповика концесијата за рудникот, компанијата сега ја тужи државата и бара милиони евра отштета“, нагласи Димитров и порача дека треба да се размислува за алтернативни решенија за економски развој во тие региони како што е органското производство за привлекување туристи.

На Балканот најголем е фокусот врз загадувањето на воздухот, посебно во зима, а градовите од регионот како Скопје, Сараево или Приштина се константно рангирани меѓу најзагадените градови во светот.

„Мора да има мост помеѓу активистите и одлучувачите, ова мора да стане поголема тема“, рече Димитров, кој, според модераторката на панелот, бил единствениот министер од регионот кој прифатил да учествува на дискусијата за животна средина.

Македонската влада, рече тој, целосна ја поддржува иницијатива на Европската комисија „Зелена агенда“, чија цел е да ѝ се даде поголема важност на оваа тема во регионот.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан сподели и неколку загрижувачки бројки за состојбата со животната средина и загадувањето на Западниот Балкан, како фактот што најмалку три илјади прерани смртни случаи во регионот се должат на аерозагадувањето, додека пак има осум илјади нови случаи на бронхитис кај децата од истата причина, што треба да го вклучи алармот од хуманитарен аспект.

И Хан и Димитров се согласија дека политичарите не смеат да бегаат од оваа тема.

„Мојата порака до активистите е продолжете и бидете уште погласни, политичарите мораат да разберат дека губат углед ако ја игнорираат темата за животната средина“, изјави Димитров.

МИА

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе