Димитров - Елкин: Израел го вреднува придонесот на Македонија во чувањето на споменот на Холокаустот

Министерот Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата го потенцирал значењето што Република Македонија го придава на културата на сеќавање и изучување на Холокаустот, укажувајќи дека наша обврска е да го чуваме споменот на Холокаустот и да се бориме против обидите за негово негирање и релативизирање, како и против антисемитизмот и сите останати облици на расизам и нетолеранција.

Министерот Елкин, се вели во соопштението, истакнал дека Израел високо ги вреднува придонесот и активностите на Република Македонија во чувањето на споменот и изучувањето на Холокаустот и изрази задоволство што има можност и лично да се увери во посветеноста на нашата земја на овој план.

Димитров и Елкин изразиле задоволство од развојот на пријателските односи меѓу двете земји, при што ја нагласиле неопходноста од натамошен фокус врз економијата, туризмот и соработката во доменот на високите технологии.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари средба и со амбасадорот Жорж Сантер, претседавач со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА.

Димитров, како што соопшти МНР, изрази задоволство што, по прв пат, еден актуелен претседавач со ИХРА и висок претставник на Постојаната канцеларија на ИХРА од Берлин, присуствуваат на комеморативните настани по повод одбележувањето на 11 март – денот на депортација на македонските Евреи.

Министерот истакна дека оваа посета претставува не само израз на почитување кон жртвите на Холокаустот, туку еден вид и признание на нашите активности и конкретни мерки кои Владата на Република Северна Македонија ги презема на планот на негувањето на споменот кон нашите сограѓани Евреи кои ги загубија нивните животи во логорот на смртта Треблинка.

Шефот на дипломатијата го запозна соговорникот со активностите кои државата ги презема на планот на сеќавањето и образованието на Холокаустот, борбата против негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, борбата против антисемитизмот, дискриминацијата по многу основи, говорот на омраза и другите форми на кршење на човековите права.

Димитров на средбата ја подвлече цврстата определба, посебно на Министерството за надворешни работи, за продолжување на ангажманот во насока на интензивирање и збогатување на активностите на сите полиња поврзани со Холокаустот.

Амбасадорот Сантер подвлече дека ИХРА високо ги цени мерките кои државата ги презема на планот на сеќавањето и образованието на Холокаустот, особено преку усвојувањето на работната дефиниција за антисемитизмот на ИХРА, со што беа испочитувани препораките на ИХРА и на Европскиот парламент.

Минатогодишното заедничко одбележување со Бугарија и оддавање почит пред споменикот на жртвите на Холокаустот во Скопје, покрај придонесот во зацврстувањето на добрососедските односи, испраќа и силна порака за определбите на двете влади во однос на сеќавањето и почитта кон жртвите на Холокаустот. Во оваа насока, истакна дека земјата поседува одлично досие кое заслужува да биде претставено пред земјите членки на ИХРА и изрази надеж дека Северна Македонија наскоро ќе поднесе кандидатура за стекнување полноправно членство во ИХРА.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе