Интервју за Дојче веле

Димитров: Договорот ќе биде потпишан деновиве

Потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција ќе се случи овие денови, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Дочје веле, кое го пренесува МИА.

Димитров интервјуто го даде по средбата со неговиот германски колега Хајко Мас во Берлин

На прашањето колку е извесно договорот да биде потпишан викендов во Преспа на грчка територија, Димитров кажа „овие денови, текстот треба да помине на Влада. Ќе видиме што се случува и во Атина и таму има политички турбуленции, дали ќе има нешто посебно во грчкиот Парламент  или нема да има, може тоа да биде викендов, може тоа да биде  веднаш и по викендот“.

На потпишувањето на договорот, како што рече, ќе има високи гости.

„Ќе има високи гости, бидејќи  како  што спомнав во моментов во светот нема можности  за други големи успеси и убаво е на една ваква работа да се даде тежина. Наша задача како дипломатија е да нудиме решение и за најтешките прашања  и во таа смисла и Фредерика Могерини тоа го искажа во нејзината изјава и го спомена ова прашање како пример дека дипломатијата сепак може да функционира, рече Димитров, одговарајќи на прашањето дали на потпишувањето ќе присустуваат високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и генералниот секетар на ОН, Антонио Гутереш.

Во врска со вчерашната средба со претседателот Ѓорге Иванов нагласи дека сите во Македонија треба да ги обединат силите околу еден основен постулат, без разлика на ставовите во однос на договорот со Грција.

„Сите сакаме Македонија да оди напред, нашиот идентитет да биде заштитен, афирмиран, промовиран. Мислам дека полесно ќе разговараме за разликите ако се најдеме на овој постулат. Македонија можеби имаше шанса да направи, да извлече  подобро во изминативе години. Мислам дека не најдовме храброст да се решиме од оваа котва, што не влече надолу. И сега кога има влада што се реши серозно да влезе, што мисли каде ќе биде Македонија за десет, 20 години, без притоа да го наметнува решението“.

Истакна дека ниту тој, ниту друг министер, ниту премиерот, ниту претседателот, па дури ниту Собранието не можат да го заменат референдумското изјаснување на граѓаните, бидејќи се работи за нивната иднина.

„Време е  за лидерство, со тоа што мора шансата што ја создадовме да им овозможиме на граѓаните да се изјаснат.  Ова никому ова не е лесно. И мислам дека храброста е токму во соочувањето со проблемите. нагласи шефот на дипломатијата.

Во врска со укажувањето на Мас дека не е неопходно Македонија и Албанија да одат во пакет кога се работи за датумот за почеток на преговори, Димитров вели дека Македонија има инстерес сите нејзини соседи да одат напред.

„Колку попрогресивна Албанија имаме, и Србија и другите држави толку полесно ќе не биде и нам да одиме напред. Факт е дека Македонија беше премногу долго заклучена во чекалната. Сега го најдовме клучот, а граѓаните ќе изберат дали тој клуч ќе се употреби да се отвори вратата. Процесот на пристапување функционира само тогаш кога е базиран на перформанси. Ако ние успеваме и одиме напред мора да не пресретнат со позитивни  одлуки, за да имаме мотив, истакна Димитров во интервјуто за Дојче веле.

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе