Димитров до Жбогар: Новата Влада ќе го задржи континуитетот на европската агенда

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска имаше проштална средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар со кого позитивно ја оцениле  соработката со Делегацијата на Европската Унија во земјава.

Димитров, како што соопштија од СЕП, го истакнал и личниот придонес на амбасадорот Жбогар во процесите коишто имаа позитивна пресвртница во европскиот пат на нашата држава, заблагодарувајќи му се за искреното пријателство и посакувајќи му успех во неговите идни професионални ангажмани.

„Интензивната соработка со институциите на ЕУ беше продлабочена преку пријателството и искрениот однос со нивните претставници во Северна Македонија. Како и за време на мандатот на амбасадорот Жбогар, новата Влада и во следниот период ќе го задржи континуитетот на европската агенда, а Секретаријатот за европски прашања ќе биде моторот кој што ќе ги придвижува реформите, а со тоа и евроинтегративните процеси“, кажал Димитров.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе