Димитров до Палмер: Успешно ќе го изодиме патот до НАТО и ЕУ

Евроатлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Македонија и во регионот беа темите за кои денеска разговараа министерот за надворешни работи, Никола Димитров и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер.

Димитров, како што соопшти МНР, се заблагодарил за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија и нагласил дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство. Тој, исто така изразил уверување дека „успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија“.

Димитров и Палмер, според МНР, разговарале за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција  и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка.  

 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе