Димитров до Белиард: На Македонија ѝ треба поддршка од европските лидери

Европските перспективи на  Република Македонија и на земјите од регионот беа тема на средбата на министерот за надворешни работи Никола Димитров со Жан-Кристоф Белиард, заменик генерален секретар на Службата за надворешни работи при ЕУ (EEAS). Средбата се одржа во рамките на состанокот на политичките директори за еворпски прашања на земјите од Западен Балкан чиј домаќин беше македонското МНР. 

Во пресрет на настаните во рамките на Унијата во првата половина од годинава, вклучувајќи ги Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер за проширувањето на ЕУ во февруари 2018, извештаите на ЕК за напредокот на земјите во април 2018 и самитот ЕУ – З. Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ во мај, Димитров, како што соопшти МНР, го запознал соговорникот за постигнувањата на Република Македонија во имплементацијата на внатрешните реформи и унапредувањето на добрососедските односи. 

“И покрај секојдневните предизвици, охрабрен сум од реформското темпо во дел од клучните сектори на нашиот европски пат. Ја искористивме кризата за да пораснеме и пред нас е перспектива која не смееме да ја пропуштиме. Имаме шанса за сериозен исчекор”, изјавил Димитров.

Тој, исто така говорел и за плановите и очекувањата на Владата во претстојниот период и ја истакнал потребата од поддршка за Македонија од страна на европските лидери, институции, како и од и државите членки, со цел постигнување на заложбите за отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. 

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе