Собрание

Димитров денеска на отчет пред собраниската Комисија за надворешна политика

Никола Димитров, министерот за надворешни работи денеска ќе учествува на собраниската Комисија за надворешна политика на кој ќе даде извештај по недобивањето на датум за преговори од Брисел.

На денешната собраниска седница со која претседава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски се очекува жестока расправа. Милошоски најавува и можна интерпелација за Димитров.

Тој заедно со Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, вчера даваа отчет во Собранието пред членовите на Комисијата за европски прашања и пред дел од дипломатскиот кор во Македонија. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаа дека Димитров и Османи треба да дадат отчет пред Комисијата за надворешна политика, а не пред Комисијата за европски прашања која е „претворена во слуга на Владата на која се сервираат само пародии“, и ја напуштија седницата.

„Дали е постигната целта за која Македонија плати превисока цена? Не е постигната. Наместо оставки и понесување на моралната одговорност, денес Османи и Димитров уште еднаш ќе ви понудат манипулативни објаснувања. Тие ќе се откажат од своите изјави за добивањето на датум за преговори, но нема да се откажат од своите министерски фотелји“, рече вчера Милошоски пред напуштањето на седницата и го повика Димитров на вистинска дебата за денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе