Женева

Димитров-Дендиас: Примена на Преспанскиот договор и интензивирање на соработката

Видувањата за најновата состојба во билатералните односи, состојбите во регионот, како и неговата европска перспектива по исходот на последниот Европски совет, биле главните теми на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со неговиот грчки колега Никос Дендиас на маргините од Светскиот економски форум во Женева на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан".

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Димитров изразил задоволство од досегашната соработка со Грција и нивниот ангажман во полза на започнувањето пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Во тој контекст, Димитров, како што се посочува во соопштението, го нагласил очекувањето Грција да продолжи да биде наш силен поддржувач и промотор на нашата интеграција во ЕУ.

Двајцата министри се согласиле за можностите за унапредување на политичкиот дијалог и интензивирањето на билатералната соработка во сите области од заеднички интерес, преку понатамошната имплементација на Преспанскиот договор.

Димитров е дел од делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев, која учествува на состанокот организиран од Светскиот економски форум на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан“. 

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе