За германски „Тагесшпигел”

Димитров: Целта ни е Македонија да ја направиме европска

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, смета дека ЕУ на крајот на идната година ќе отпочне пристапни разговори со Македонија.

„Со оглед на нашите успеси, сакаме да постигнеме, на земјите членки на ЕУ да им е скоро невозможно, да не постигнат консензус за почетокот на пристапните разговори“, вели Димитров во интервју за германскиот весник „Тагесшпигел”

Но, според него, за Македонија, процесот на пристапување кон ЕУ е поважен од возниот ред. 

„Наша највисока цел не е пристапувањето кон ЕУ, заради самото тоа, туку ние сакаме да го искористиме процесот на пристапување, за да ја направиме земјата европска“, изјвил Димитров.

Земјите членки на ЕУ идната година ќе одлучуваат дали да се отпочнат пристапни преговори со Македонија и Албанија. Европската Комисија се залага за тоа, и понатаму да го стабилизира Западниот Балкан и да делува спротивно на зголеменото влијание на Русија, Турција и Кина во Регионот, пишува весникот. 

Димитров, кој во четвртокот во Берлин се сретна со сојузниот министер за надворешни работи Хајко Мас (СПД) на работен доручек, во разговорот за „Тагесшпигел” укажал на успесите во деценискиот спор за името со Грција, кој досега го блокираше пристапувањето на неговата земја во ЕУ и НАТО. Сега, според весникот, Димитров делувал убеден, дека и кај завршното гласање во Собранието ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство. 

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе