Бугарскиот копретседател на заедничката комисија за БНТ

Димитров: Бугарија не смее да дозволи да ѝ се врши притисок, проблемите се во Скопје

Копретседателот на мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања, Ангел Димитров порачува дека Бугарија не смее да дозволува да ѝ се врши притисок, туку треба да демонстрира увереност во својата позиција и аргументи и без оглед дали некој ги прифаќа треба да опстои на нив.

„Ако ние навистина сме уверени во својата позиција треба да опстојуваме на ставот дека нашата позиција е правилна, со познавањето на проблемите и предвидувањето на последиците. Тоа е и прашање на достоинство“, вели Димитров за БНТ.

Во однос на заедничкото чествување на цветите браќа Кирил и Методиј, Димитров вели дека уште во 1999 година тогашните премиери Иван Костов и Љубчо Георгиевски заеднички ги чествувале во Рим, а потоа заеднички им оддадоа почит и премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев.

„Но, по 2018 година нема заедничко чествување. Двете делегации се таму (во Рим), но нема заедничко оддавање почит. Има само средби, но двете држави посебно си оддаваат почит“, изјавил Димитров.

Тој додава дека бугарската страна во Комисијата предложила заедничко чествување.

„Она што успеавме да го постигнеме и тоа беше еден од малкуте успеси е кога зборуваме за светите браќа важно е да се подвлече улогата на бугарската држава и владетели, кнезот Борис и цар Симеон Први за создавањето и развојот на културата создадена од светите браќа“, вели Димитров.

Коментирајќи ја работата на заедничката комисија, тој оценува дека нема суштински напредок.

„За да одговориме на желбата за нов почеток, како што побара премиерот Кирил Петков, се договоривме со колегите од Скопје да одржиме три средби од февруари до мај. По малиот чекор за цар Самоил, нешто што дури и не заслужува посебно внимание, нема ништо ново. Напредокот повторно запре“, изјави тој.

Според Димитров, проблемот е што македонските историчари се обидуваат да не ја прифатат заедничка историја.

„Кога не прифаќате постоење на историски феномен, тогаш се создава отпор против спроведувањето на самиот Договор за пријателство и добрососедство. Во обидот да не се зборува за заедничка, туку споделена историја, што е нешто поинакво, тогаш се бега од желбата да се направи сериозна критичка анализа на сопственото минато“, вели историчарот.

Според него, Заедничката историска комисија има важна задача да надмине некои тврдења во минатото, не поради самата наука, туку поради последиците и влијанието што ги има неточното толкување. Овие последици, како што вели, се поврзани со воспитувањето во РС Македонија за омраза кон Бугарија и Бугарите.

Димитров уште додава дека работата на комисијата е важна, таа е катализатор за решавање на политичките прашања, а одлуката ќе ја носта политичарите, не историчарите.

„Ние треба да се сретнеме со нашите колеги, не може да се очекува само од Бугарија да прави некакви гестови и отстапки. Проблемите се во РС Македонија. Катарзата треба да биде таму, бидејќи сѐ уште не е направена критичмна анализа на сопственото минато“, изјавил Димитров.

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе