Димитров: Би застанал зад една преродбеничка сила

Мора да најдеме енергија да се здружиме околу визија и принципи, како противтежа на оваа „дуќан“ политика, вели поранешниот амбасадор и министер Никола Димитров во интервју за неделникот „Фокус“, додавајќи дека би застанал зад една преродбеничка сила, без разлика дали тоа ќе биде преку директен личен ангажман или како поддршка.

Во оваа длабока криза на немање доверба во системот, на безнадежност, на немање избор, нацијата има огромна потреба од нова општествена сила што ќе се бори против партизацијата и што ќе ги турка партиите таму каде што им е местото, вели Димитров.

„Мора да најдеме сили и енергија да се здружиме околу визија и принципи, како противтежа на оваа ‘дуќан’ политика, ова здружување низ призмата за вработување, пари, услуги или привилегии. Во македонскиот црно-бел политички свет, никогаш или ретко се зборува за решенија, а пречесто политиката е сведена на обични меѓусебни навреди и етикети“, вели тој.

Како што истакнува Димитров, би застанал зад една преродбеничка сила, без разлика дали тоа ќе биде преку директен личен ангажман или како поддршка. Како народ и генерација граѓанство, додава тој, мора да се соочиме со фактот дека во 31 година независност главно одиме назад.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе