Димитриевски: Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски вели дека верува во институциите и професионалците откако јавното обвинителство од Куманово ја отфрли кривичната пријава против него и членот на Општинскиот кризен штаб, Горан Стојановски. Тој најави дека ќе преземе мерки со адвокатите.

„Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина. Ќе ги преземам сите активности предвидени со закон да се лоцираат одговорните лица во постапката кои, од ним познати мотиви, ги злоупотребија сопствените службени овластувања и креираа случај за наводно сторено кривично дело кое имаше за цел јавно да ме девалвира и дискредитира и да ја искриви вистината. За жал, ова не е прв случај во кој МВР и други државни институции се користат за политички пресметки, вршење притисок и раскусурувања со неистомисленици. Такви случаи имало и во минатото“, напиша кумановскиот градоначалник на социјалните мрежи.

Во објавата, Димитриевски пишува дека нема да се обесхрабрува и ќе се бори за вистината и првадата, за развојот на Куманово и европска и просперитетна Македонија.

„Се уште го очекувам извештајот од инспекцискиот надзор на ДСЗИ кој до ден денешен остана тајна и за мене и за јавноста (по одлукава на обвинителството извештајот е беспредметен)“, пишува Димитриевски.

Во наредниот период најави дека  ќе излезе со дополнителни правни дејствија  и посветено ќе се бори против епидемијата и развојот на градот.

„Во минатото во неколку наврати бев предмет на оградување и прозван од раководството на мојата партија СДСМ, не сакајќи да нарушам ничиј авторитет и да наштетам на сопствената партија тогаш премолчав но верував во вистината. Тие избрзани и несреќни изјави се минато, но најмалку што очекувам е извинување и поддршка за расчистување на случајот до крај. Борбата продолжува, Да живее СДСМ, да живее Македонија“, пишува Димитриевски.

Претходно, обвинителството ја отфрли пријавата поднесена од СВР-Куманово против градоначалникот на Куманово и раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, која се однесуваше за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе