Градоначалникот на Куманово најавува изборна битка и пресврт во општеството

Димитриевски: Формираме движење кое наша Македонија ќе им ја врати на граѓаните

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во разговор за МКД.мк вели дека со своите приврзаници ќе формира граѓанско движење по примерот на движењето „За наше Куманово" кое беше формирано за локалните избори и дека пред граѓаните на парламентарни избори ќе се излезе со реално прифатливи политики како понуда со кои првенствено ќе се направи ред, правен поредок и просперитет на државата, со акцент на економски развој и владеење на правото. И, вели, ќе направиме пресврт во општеството, политиката да биде во функција на граѓанинот, а во однос на Бугарија, добри соседски односи кога таа земја ќе ѝ мисли добро на Македонија.

Имате изјавено дека на политичката сцена нема вистинска социјалдемократија и дека вие останувте верен на таа идеологија поради која и бевте член на СДСМ. Дали движењето за кое веќе размислувате да го добие името „За наша Македонија" ќе биде лево ориентирано?

- Тоа ќе биде двиежење со лев карактер и со централни политики по однос на националните прашања на државата. Никогаш немам кажано нешто негативно за мојата партија СДСМ, но ќе потенцирам дека луѓето кои што во моментов ја водат и менаџираат СДСМ се далеку од социјалдемократските вредности и партијата ја трансформираа во своевидна приватна фирма, или пак може да се дефинира како груевизам.

Дали веќе се активиравте и надвор од КУманово, какви се контактите со структури од други градови?

- Доаѓаат иницијативи од различни категории на граѓани и од различни места од земјава кои сакаат да се вклучат и да дадат придонес за развој на едно вакво двиежење со цел да победи оваа наша идеја.

Дали планирате предизборна соработка со некоја од партиите, дали веќе имате контакти во таа насока?

- Главната наша сила ќе се црпи од граѓаните и ќе се работи за интересите на граѓаните, а во никој случај во интерес на некој политички субјект или поединец.

Кога плаирате да го промовирате движењето?

- Движењето е веќе регистрирано во Куманово како невладино, а во моментот кога ќе добиеме информација за времето на одржување на следните парламентарни избори, движењето ќе биде официјало промовирано во јавноста.

Дали веќе работите на изработка на програма со која ќе настапите на избори?

- Да. Имаме експерти од буквално сите општествени области. Станува збор за врвни интектуалци, теоретирачи и луѓе од праксата, како и за луѓе од реалниот бизнис, но и успешни работници и земјоделци, како и од други категории на луѓе и професии.

Велите ќе направите пресврт на политичката сцена. Во која смисла?

- Верувам дека граѓаните ќе ја препознаат искреноста на ова движење во најава, а потоа и ќе ги увидат реалните специфики кои ќе придонесат да се направи пресврт на политичката сцрена, а тоа значи да се елимириаат сите негативни навики во македонскиот плурализам. А најлошата навика е што граѓаните се ставаат во функција на политиката, а не се става политиката во функција на граѓаните и државата.

Ќе менувате ли нешто во надворешна политика на Македонија?

- Надворешната политиката на Македонија е дефинирана во далечните 90-ти години, каде стратегиски интереси се членство во НАТО и во ЕУ, градење на добри односи со сите соседи и создавање нови пријатели во светот. Ќе градиме соработка со сите држави, но во интерес на Македонија, со поддршка за развој на демократските општества. Ова движење ќе се држи до тие стратегиски определби за државата, за што впрочем и постоеше консензус.

Ја критикувавте политиката на официјална Софија, а сега велите ќе градите добри односи со сите соседи. Како тоа ќе биде можно со Бугарија?

- Ние сме подготвени да соработуваме со секоја држава, но која ѝ мисли добро на Македонија.

П.Џамбазоски

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе