ДИК во МВР го пријави хакирањето на сајтот, ама вчера паднал и сајтот на МВР

Освен сајтот на Државната изборна комисија (ДИК) и на агрегаторот „Тајм.мк“, вчера неколку часа „паднал“ и сајтот на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР за МИА информираледека Секторот за компјутерски криминал работи на откривање на причините за падот на нивниот сајт кој вчера бил во прекин неколку часа по што повторно бил активиран.

Инаку, денеска пријава до МВР поднела само Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски рече дека нападот е пријавен во МВР лично до министерот и оти очекуваат припадници на полицијата да дојдат во Комисијата. Како што кажа Деркоски, станува збор за хакерски напад од надвор и оти случајот ќе се испитува.

Хакерска група вчера го хакираше сајтот на агреторот на вести Тајм.мк на кој се појавуваа фотографија на група која себе си се нарекува Анонопсмкд, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не“.

 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе