ДИК со единствено мислење за изборите, а со различни ставови во медиумите

ДИК му достави мислење на претседателот Стево Пендаровски во врска со изборниот процес и временската рамка, која е потребна за тоа, и во него е нагласено дека е потребно Владата да донесе нова уредба со законска сила и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за увидот во него. 

Оваа уредба, стои во мислењето на ДИК, треба да биде прилагодена на сегашната фаза во која се наоѓаат изборите, изјавил за МИА членот на ДИК, Борис Кондарко.

Мислењето вчера беше доставено до Пендаровски, а на него потпис има ставено и претседателот на Комисијата, Оливер Деркоски.

Според Кондарко, ниту претседателот, ниту членовите на ДИК немаат законски овластувања да кажуваат по кои рокови ќе се спроведуваат дејствијата за Избирачкиот список и за јавниот увид. 

„ДИК не е законодавец и токму и затоа во одговорот до претседателот на државата, потпишан од претседателот на ДИК јасно потенциравме дека ДИК смета оти е потребно Владата да донесе нова уредба и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за  увидот и таа уредба за биде прилагодена на сегашната фаза во која се наоѓаат изборите", вели Кондарко.

Тој додава дека не е точно барањето на Деркоски за нови 45 дена за јавниот увид и списокот, и со повикувањето на сегашните одредби Деркоски се демантира самиот, бидејќи во дописот до претседателот на државата ДИК бара од Владата да се определат нови рокови за овие дејствија, кои логично е да бидат пократки.

Истовремено, вели Кондарко, ваквото барање на Деркоски е демантирано и од Уставниот суд, кој одлучи дека не може да се повторуваат одново дејствијата со нови 45 дена, колку што бара претседателот на ДИК, туку процесот да продолжи 22 дена по завршувањее на вонредната состојба.

Претседателот на ДИК претходно во изјава за дел од медиумите рече дека Избирачкиот список треба да помине низ истата процедура на прочистување и дека таа процедура, заедно со иборната кампања, трае 45-50 дена. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе