ДИК се прогласи ненадлежна за барањето на Чулев за мислење за назначувањето шеф на СВР-Скопје

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно изгласаа заклучок дека не се надлежни да одлучуваат по барањето мислење на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со одлуката за именувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР-Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска.

Државната изборна комисија утврди дека решението за назначување на раководна позиција од страна на министерот за внатрешни работи не претставува акт или документ кој се однесува на правни финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите.

„Ние во овој случај немаме надлежност затоа што ова прашање не се однесува на организација и спроведување на изборите. Нивната изборна надлежност е утврдена во член 44 од Законот за Влада, каде што точно во ставот 4 и во ставот 6 пишува кои се надлежностите на техничкиот министер и на дополнителниот заменик министер во Владата“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Тој во објаснувањето зошто ДИК не е надлежна да одлучува за барањето, се повика на ставовите 4 и 6 од членот 44 од Законот за Влада.

„Тоа е изворна надлежност на министерот од членот 44 и тие именувања не подлежат на активностите што се дадени од членот 46, 48 и понатаму 47, кои се однесуваат на организација на изборите“, рече Дерковски.

Членовите на ДИК појаснија дека за именување на Ставрески не е потребен втор потпис, односно потпис од дополнителната заменик министерката Петровска.

Членот на ДИК, Борис Кондарко, образложувајќи зошто ова барање во суштина не е поврзано со организација на изборите, рече дека Комисијата заедно со Владата и дополнителните министри и заменици министри се должни и се упатени на меѓусебна соработка посебно, како што рече, кога се работи за предизборен период.

„Сметам дека во овој момент е потребно сите заедно повеќе да комуницираме, да се консултираме, да се координираме и да соработуваме за да не се добива погрешен впечаток во јавноста за евентуални проблеми во врска со организацијата на изборите“, рече Кондарко.

Тој ги повика претставниците на сите институции коишто се вклучени во организација на изборите да работат професионално и одговорно за да тие бидат успешно организирани.

Потпретседателот на Комисијата, Дитмир Шеху, на денешната седница рече дека надлежноста на ДИК би можело да се однесува на финансиските и на кадровските избори, но не и на одлуките на министерот за именувањата.

Согласно Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада се потребни два потписа, односно тие имаат врзани потписи.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе