Предвремени парламентарни избори

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница едногласно ги прифати барањата за акредитации за четири набљудувачи на предвремените парламентарни избори од Организацијата за зашита на човековите права и од Државната централна комисија на Косово.

Членовите на ДИК ги разгледаа и не ги усвоија приговорите за заштита на лично право за гласање поднесени од Игор Настов и Петар Николов. Овие лица поднеле барања до ОИК, биле одбиени и за нив потоа одлучува ДИК. Членовиоте на ДИК имаа поделени мислења. Елизабета Постоловска информира дека Настов поднел приговор зошто ОИК Росоман го одбила неговото барање за гласање во домашни услови поради позитивен тест на ковид-19 со образложение дека барањето било по истекот на рокот, 8 јули 2020. Приговорот бил поднесен на 9 јули 2020. Настов како приговор навел дека „со тоа што апликацијата на ДИК не е усогласена со реалното време, ми е одземено правото на глас“. Во прилог доставил принтскрин каде се гледа дека апликацијата се затворила пред време. Постоловска смета дека треба да се уважни приговорот.

Борис Кондарко, пак, рече дека има сомнежи за двата приговора и ќе гласа против. Не обвини и не прозва никого. Посочи дека иако се работи за две физички лица, тие доставиле исти докази – слика од нивните мобилни телефони. Смета дека се работи за вербални наводи, нема факти и докази и оти приговори се задоцнети. Сомнително и симптоматично, според него, е тоа што за двата приговара принтскринот од телефоните, процентот на батеријата на телефонт и времето е потполно исто.

Потпретседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху предложи нивните стручни служби да проверат дали навистина апликацијата е предвреме затворена, дали имало проблеми со апликацијата и да дадат образложене, заедно со правната служба. Но, членовите на ДИК не го прифатија нејзиниот предлог.

МИА

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе