Со поддршка од Швајцарија

ДИК подготви Стратешки план за ефикасна работа и изборни реформи

Државната изборна комисија исвои Стратешкиот план врз основа на кој до 2024 година ќе настојува да ја подобри својата работа и ќе се залага да се направат изборни реформи за поефикасни, фер и демократски изборни процеси. Врз основа на овој документ ќе се изготви акциски план за претстојните локални избори. Стратешкиот план е поддржан од Швајцарија, а го спроведуваат ИФИМЕС и Младинскиот совет на Македонија.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска усвои Стратешки план за периодот 2021-2024 година, со којшто се поставуваат цели за унапредување на работата на Комисијата преку одржување на кредибилен изборен процес, континуирано унапредување на изборниот процес и постојана поддршка на сите учесници во изборниот процес и остварување на нивните избирачки права.

„Свесни сме за предизвикот пред кој се наоѓаме и токму затоа подготвивме стратешки план што ќе одговори на сите отворени прашања притоа следејќи ги сите универзални норми и принципи. Стратешкиот план е производ на заложбите, разговорите и сугестиите на сите вклучени во изборниот процес со цел да се организираат фер, слободни и демократски избори", рече претседателот на Комисијата Александар Даштевски.

Потпретседателката на Комисијата Дитмире Шеху објасни дека во Стратешкиот план се предвидени седум приоритети и тоа: зголемување на квалитетот на подзаконските акти и нивна ефикасна примена, унапредување на постапката и начинот за водење на Избирачкиот список, подобрување на ефикасноста на активностите помеѓу изборниоте органи, зголемување на свесноста и довербата на граѓаните во изборниот процес, унапредување на знаењето и вештините на изборната администрација за спроведување на избори, подобрување на внатрешната организација и функционирање на ДИК и интегрирање на родовите аспекти во активностите на ДИК. Врз основа на Стратешкиот план ДИК ќе изготви акциски планови, а првиот ќе биде за локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври.

Стратешкиот план е изготвен во рамки на проект за изборни реформи поддржан од Швајцарија, а го спроведуваат ИФИМЕС и Младинскиот совет на Македонија.

Членовите на седницата усвоија и Упатство за спроведување на процедура за вршење на eкс-aнтe контрола на примените фактури за платено политичко рекламирање од радиодифузери, печатените и електронски медиуми.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе