Предвремени парламентарни избори

ДИК по 96 отсто обработени податоци: СДСМ 45 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 16...

Последните информации од Државната изборна комисија, по обработени податоци за гласањето на 96 отсто од гласачите, покажува дека во Собранието коалицијата Можеме на СДСМ ќе има 45 пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова ќе имаат 44 пратеници.

Остануваат да се обработат податоците за 147 гласчки места.

Според оваа пресметка ДУИ би имале 16 пратеници, Алијансата за Албанците и Алтернатива (АА) 12, Левица 2 и ДПА 1.

Или по избирачки места резултатите се следниве -  

Во ИЕ 1 СДСМ 7 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ - 7, ДУИ 3, АА -2 и Левица 1.   

ИЕ2 - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по 7 пратенички места, ДУИ 3 и АА - 3.

Во тројката ВМРО-ДПМНЕ освои 10 пратеничка места, СДСМ 9 и Левица 1.

Во ИЕ 4 резултатот е 10 - 10, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

СДСМ освои 8 пратенички места во ИЕ 5, исто колку и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ освои 3 пратенички места и 1 за АА.

И во ИЕ 6 ДУИ освои 7 пратенички места, СДСМ 4, ВМРО-ДПМНЕ 2, Алијанса за Албанците и Алтернатива 6 и ДПА - 1.

Oва се сѐ уште информации според нецелосни податоци од избирачките места. 

Граѓанската асоцијација МОСТ поради тесните резултати и маргината на грешка информира дека не е во можност врз основа на досега преброените гласови да ја проектира распределбата на мандати по изборни единици.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе