Претседателски избори 2019

ДИК: Пендаровски со предност од 856 гласа пред Сиљановска, следува неизвесен втор круг

Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и коалицијата, во првиот круг од претседателските избори, според се уште нецелосните резултати,  освои 313.033 гласа. Во вториот круг на 5 мај негов противкандидат ќе биде Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, која освои 312.177 гласа, соопшти вечерва Државната изборна комисија.

Пендаровски освои 42,67 проценти од вкупниот број гласови. Тој, според податоците на ДИК, победил во Куманово, Крива Паланка, Струмица, Берово, Делчево, Дојран, Центар и Карпош. Сиљановска доби 42,56 проценти од гласовите. Таа освои најмногу гласови во Велес, Кавадарци, Неготино, Битола, Охрид, Ѓорче Петров, Аеродром, Штип, Пехчево, Прилеп и Гевгелија.

Блерим Река, кандидатот на опозициските Алијанса за Албанците и Беса освои 76.496 гласа или 10,43 проценти од гласовите. Најголема предност Река има во Желино, Липково, Теарце и Боговиње.

Оливер Дeрковски, претседателот на ДИК, изјави дека изборите минале во фер и демократска атмосфера и изрази задоволство за добро извршената работа. Toj рече дека очекува вториот круг, во кој се квалификуваа Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска-Давкова, да помине во мирна и коректна атмосфера.

Објавено

Недела, Април 21, 2019 - 23:58

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе