Претседателски избори 2019

ДИК: На едно избирачко место три ливчиња повеќе, дисциплински мерки против надзорната комисија

Од 405 евидентирани гласачи, на избирачкото место 2.564 во општина Ѓорче Петров имало 408 гласачки ливчиња. Државната изборна комисија донесе одлука за поништување на гласањето и разрешување и дисциплински мерки против надзорната комисија на тоа избирачко место.

Прегласување на ова избирачко место нема да има, бидејќи бројот на гласови не може да влијае на исходот од првиот круг.

ДИК ги разреши членовите на избирачките одбори од избирачкото место 2.564 во општина Ѓорче Петров и од избирачкото место 0006 во општина Берово, каде членовите на одборот пропуштиле да утврдат идентитет на гласач, па така наместо болно и изнемоштено лице гласал човек со исто име и презиме како неговото.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе