Течат роковите

ДИК ќе прима потписи за кандидатури до 30 август, досега 15 независни кандидати за градоначалник

Собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи трае до 30 август. Вработените во подрачните единици на Државната изборна комисија (ДИК) денеска и утре ќе работат еден час подоцна, а на 30 август, ќе работат до 24 часот, најавија од ДИК. Според податоците што ги објави вчера ДИК, досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи за учество на локалните избори, а потписи собрале и 30 независни советнички листи во различни општини во подрачните единици на ДИК.

Паралелно тече и увидот во Избирачкиот список, како и промоцијата на кандидатите, како независни или со поддршка на партии и коалиции. Најновата соработка на локалните избори, објавена вчера, е помеѓу опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива чии лидери се согласија за заеднички настап во некои од општините, а за кои дополнително ќе биде одлучено.

Потписи за независна кандидатура за нов градоначалнички мандат вчера собраа актуелните градоначалници на Куманово и на Дебрца Максим Димитриевски и Зоран Ногачески, кои не ја добија поддршката од СДСМ. Но и двајцата се убедени дека поради добрите резултати и поддршката од граѓаните ќе бидат победници на изборите.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе